На последниот училишен ден матуранти отидоа преправени како Фреди Меркјури во спотот за „I Want To Break Free“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Матурантите во Чаковец одлучија да се облечат како Фреди Меркјури од спотот за песната „I Want To Break Free“, па не им требаше долго време за да станат хит на Фејсбук, пишува Јутарњи.

Фотографијата собра повеќе од 11.000 лајкови, а многумина во коментарите им дадоа поддршка за идејата и не го криеја својот ентузијазам.

Нивните врсници исто така се потрудија, па на последниот училишен ден за хрватските матуранти на Фејсбук се споделуваат фотографии од пирати, стјуардеси, пилоти, навивачи кои го славеа крајот на еден важен период во нивниот живот.