На Попова Шапка уапсен германски нарко бос поради набавка на 700 килограми кокаин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германски државјанин е уапсен на Попова Шапка од страна на полициските служби поради организација и набавка на 700 килограми кокаин од Јужна Америка.

Речиси еден месец се следел и се подготвувала акцијата на специјалците за апсење на нарко босот од Германија кој се криел во викендица на Попова Шапка.

Истрагата допрва треба да утврди дали во земјава имал јатаци кои му помагала де се крие откако им избегал на германските власти во акцијата за негово апсење како главен организатори и нарачател на 700 килограми кокаин од Јужна Америка за Хамбург.

Пред три дена специјалните единици во викендицата на Попова Шапка каде престојувал 55 годишниот германски нарко бос при претресот пронајдени и одземени се помала количина на кокаин и марихуана, пет мобилни телефони, два платежни картички, пари, лап топ како и германски пасош и полска возачка со лажен идентитет.

На германскиот државјанин со иницијали Р.В.Л кој е член на меѓународна криминална група кој се барала со потерница на интерпол судија на претходна постапка му изрекол 30 дневен екстрадициски притвор.