Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според информациите кои ги сподели „24 Телевизија“, на наредниот попис на населението во Република Северна Македонија, кој треба да се реализира во 2020 година, граѓаните ќе можат да се изјаснат и за својата етничка припадност.
Премиерот Зоран Заев и Али Ахмети се договориле околу спорното прашање за постоење или непостоење на графа за етничка припадност. Според информациите на телевизијата законот е во финална фаза, а според планираното се очекува уште неделава да помине на влада.
Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.
Последен пат успешен попис имаше во 2002 година, а во 2011 година по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот.