На помалку од една седмица пред избори Хилари повторно во тесно водство пред Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На шест дена од одржувањето на претседателските избори во САД, најновите анкети покажуваат дека кандидатката на демократите Хилари Клинтон повторно е во водство, иако тесно, пред републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Според анкетата на весникот Њујорк Тајмс и телевизијата Си Би Ес во која на 28 октомври учествувале 1.333 регистрирани гласачи, Клинтон води за три проценти, притоа со можност за грешка од плус/минус три отсто.

Исто така и истражувањето на Вашингтон пост и телевизијата Еј Би Си покажува дека Клинтон води за два проценти пред Трамп.

Анкетата е спровдена на 29 октомври на 1.767 потенцијални гласачи, а можноста з агрешка е три проценти.