Home Актуелно На полноќ ново поскапување на горивата

На полноќ ново поскапување на горивата

Од ноќеска, на полноќ, цените на бензините во Македонија ќе се зголемат за за два денари за литар, а на дизелот за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 86 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 88 денари за литар, а дизелот по цена од 87 денари за литар.

Од полноќ за еден денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава за 85 денари за литар.

Исто така, се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…