На плажа во Охрид фотографирале девојки лажејќи ги дека ќе станат манекенки – фотките завршиле на сајт за…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


29-годишниот К.К. од Свети Николе и 31-годишниот Н.Ц. од Охрид заработија кривични пријави од страна на Секторот за внатрешни работи Охрид по основ на сомнеж за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

„На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи“, информираат од МВР.

Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.