На пешачки премин кај Сити Мол смртно прегазена 24-годишна девојка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во сообраќајна трагедија која вечерва се случи во близина на „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, прегазена е 24-годишна девојка од Радовиш која загина на местото на настанот. Повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано, велат од МВР.

„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш. која починала на лице место“, известуваат од МВР.