Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со само еден музички спот Џастин Бибер го прослави прекрасниот кањон Fjaðrárgljúfur на Исланд, но тоа за кањонот направи повеќе штета отколку корист.
Откако Бибер го сними спотот за својата песна I’ll Show You на оваа импресивна локација, луѓето веднаш побрзаа да го посетат ова место. Според The Guardian, посетителите не воделе сметка за поставените огради и предупредувањата на кои јасно пишува дека некои области се забранети за движење.
Минатата година Ислад го посетија околу 2,3 милиони туристи (многу повеќе во споредба со 600.000 туристи пред осум години). Годишниот пораст на туристи во оваа земја е преголем за нејзината инфраструктура, која е потребна за заштита на исландскиот вулкански пејзаж, каде тлото полека се формира и брзо еродира.
Кањонот Fjaðrárgljúfur е затворен за посетители сè јуни, со цел да му се даде простор и време за опоравување на вегетацијата, но тоа не ги спречува несовесните посетители да се обидат да се провнат покрај ренџерите или да ги подмитат за да ги пуштат внатре.
„Би било претерано да го обвиниме само Џастин Бибер за целата ситуација, но несовесното однесување на славната личност може да влијае на целото подрачје, бидејќи него го следи цела армија обожаватели“, изјави Гудмундур Индги Гудбрадсон, исландски министер за животна средина.
Во спотот кој е прегледан над 445 милиони пати од 2015 година досега, Бибер оди по вегетацијата, виси со нозете преку работ и се бања во реката.
„Во корист на неговата одбрана оди фактот дека кога беше снимен спотот, не постоеја огради, ниту беа поставени предупредувачки знаци на кои е назначено што е дозволено, а што не“, додаде министерот.