Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На церемонијалното доделување на филмските награди Оскар, на црвениот тепих во Холивуд продефилира цела филмска и шоубизнис елита, која позираше пред објективите на фоторепортерите.
Ден потоа, сите бараат одговор – што правеше старлетата Блек Чајна на 92. доделување на Оскарите и кој воопшто ја повика на таков престижен церемонијален настан (добро, на настанот беше и Ким Кардашијан, а освен што сними едно домашно порно, уште не знаеме со што ја има заслужено честа да биде канета на вакви елитни уметнички збиранки, ама да не ситничариме сега дотолку).
Од една страна, реакциите се прилично остри, доаѓаат од корисниците на социјалните мрежи, но досега никој сè уште не објасни какви врски со елитното општество на филмската индустрија има жена која се прослави единствено заради врската со член на кланот Кардашијан.
Поранешната сопруга на Роберт Кардашијан, поранешна стриптизерка и старлета Блек Чајна, е позната и по провокативните фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Пред нејзиниот брак со Кардашијан, таа се дружеше со раперот Тига, со кого има седумгодишен син, Каиро.
И во неделата вечерта, Чајна самоуверено се прошета по црвениот тепих на Наградите на Академијата – без придружба. Таа ја покажа тетоважата преку целиот бутот и длабокото деколте и успеа да ја заработи титулата најлошо облечена жена.