Home Шоубизнис На Оскарите дозволено присуство само со сертификат за вакцина против Ковид-19 и 2 негативни ПЦР теста

На Оскарите дозволено присуство само со сертификат за вакцина против Ковид-19 и 2 негативни ПЦР теста

Американската академија за филмски уметности и науки ќе бара од учесниците на 94-тото доделување на Оскарите да покажат докази за вакцинација против коронавирус и најмалку два негативни ПЦР теста, објави Њујорк Тајмс.

Изведувачите и презентерите ќе мора да поминат ригорозни тестирања, но од нив нема да биде барано да покажат доказ за вакцинација.

Доделувањето на наградата ќе се одржи на 27 март, а номинираните и нивната придружба ќе бидат сместени во делот за оркестар од Долби театарот, и нема да мора да носат маски.

Оние кои ќе седнат на мезанин најверојатно ќе мора да носат маски бидејќи ќе бидат поставени многу блиску едни до други.

Домаќини на 94-тото доделување на Оскарите годинава ќе бидат три актерки – Реџина Хал, Ејми Шумер и Ванда Сајкс (57), објавија странските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …