На огромна радост на носталгичарите: Се враќа легендарната Nokia 3310


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кон крајот на овој месец, HMD Global ќе ја претстави модерната верзија на еден од најпопуларните модели на мобилни телефони во историјата, легендарната Nokia 3310.

Цената на телефонот ќе биде претставена кон крајот на месецот, на саемот за мобилни телефони во Барселона, а би требало да изнесува 59 евра. Иако нема достапни информации за новиот уред, веројатно нема да станува збор за смартфон, туку за класичен мобилен кој ќе се базира на адутите од оригиналот – телефонски повици, смс пораки и батерија која трае со денови.

Освен овој „римејк“ на ретро моделот, HMD Global во Барселона ќе претстави и два смартфони, а според информациите кои кружат, станува збор за Nokia 5 со 5,2-инчен екран (Snapdragon 430, 2GB RAM и камера од 12 МР) чија цена би требало да биде 199 евра, и нешто поповолниот Nokia 3 за чии спецификации засега има само нагаѓања, пренесува Venturebeat.