Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брачен пар од Индија на новородените близнаци им дал имиња Ковид и Корона. Тоа наводно го направиле за да ги потсетуваат за тешките времиња и услови на епидемија, пренесува РТ.
Двојката од индискиот град Рајпур добила необична инспиранија од строгиот режим наметнат во Индија за запирање на ширењето на коронавирусот. Младата мајка изјавила за новинската агенција ПТИ дека ова ќе бидат нивни имиња засега, но дека може да ги сменат подоцна.
„Кога и вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат бебињата Корона и Ковид, конечно решивме да ги именуваме по пандемијата. Вирусот навистина е опасен по животот, но неговото појавување ги натера луѓето да се фокусираат на санитарните услови, хигиена и да всадат други добри навики. Затоа помисливме на овие имиња “, рече таа.
Индија, во која живеат речиси 1,4 милијарди луѓе, досега има 2.567 потврдени случаи на Ковид-19 и 72 смртни случаи.