На нова владина седница денес ќе се бираат заменици министри


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата на Република Македонија на денешната седница ќе ги разгледува предлозите за заменици-министри и именувања и разрешувања на владини функционери.

Како што е веќе познато во јавноста, ДУИ во новата Влада да ги добие заменичките позиции во МВР, oдбрана, oбразование и финансии (Агим Нухиу, Беким Максути, Висар Ганиу и Ширете Елези).

Алијансата за Албанците ќе има заменици-министри во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и за труд и социјала (Арта Точи, Ремзи Мехмети и Елми Азири).

На седницата се очекува и именувањето на директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. За Митко Чавков, досегашниот директор на БЈБ, предлог за разрешување поднесе поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, а тој во меѓувреме поднел барање за пензионирање.

Се очекува и именување на државни секретари по министерствата, владин портпарол, директори на јавни претпријатија.