На „Максим Горки“ во Скопје засадени 18 млади јапонски цреши


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Розовиот дрворед на „Максим Горки“ е обновен со нови, млади 18 стебла на јапонски цреши, кои беа засадени на местата од оние стебла кои беа исечени пред неколку дена.

На цветните крошни ќе им биде потребна повеќе од една година за да никнат и го разубават строгиот центар на Скопје.

По бурните реакции во јавноста за уништување на дрворедот, градоначалникот Шилегов рече дека дрвјата биле премногу инфицирани и немало друга алтернатива за спасување освен да се исечат. За да се спречат слични постапки, вети дека ќе се стави ред во планското обновување на зеленилото за да нема болни и заробени дрвја.

„Дрвата беа заболени веќе. Зошто не биле третирани соодветно пред есента 2017-та од страна на претходниот градоначалник, навистина не можам да ви кажам. Она што знам е дека сега се обидуваме да го спасиме секое дрво во нашиот град. Ние за разлика од претходниците не сечеме дрва за да градиме згради,“ вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје .

Првиот дрворед од јапонски цреши бил засаден во 2000-та, а заболеле пролетта во 2017-та. Првиот човек на Центар, Саша Богдановиќ, се пофали дека есенва се зазелениле многу површини и дека праксата ќе продолжи и во иднина.

Градот доби 50 јапонски цреши како донација од ЕБОР. Овие трошни дрвја наскоро ќе красат уште еден скопски булевар, но засега не се открива кој. Нивниот животен век е од 30 до 40 години.