Home Актуелно На македонските петтодделенци им дадоа учебници по македонски јазик на 10 дена пред крајот на учебната година

На македонските петтодделенци им дадоа учебници по македонски јазик на 10 дена пред крајот на учебната година

Откако цела година наставниците им диктираа и им печатеа материјали на учениците, на десет дена пред крајот на учебната година конечно стигна и учебникот по предметот Македонски јазик.

„Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година“, коментираат родителите.

„Да се добие учебник на две недели пред крајот на школската година е навистина жалосно и е противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да ги пријават своите дела и кога тој се печати“, вели Драгана Спасевска од иницијативата Учебници и настава мора да има.

Дел од училиштата сè уште ги немаат добиено учебниците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…