Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тргувањето во средата акцијата на НЛБ банка АД Скопје, акцијата на Алкалоид АД и акцијата на Комерцијална банка АД Битола остварија поединечен промет од над милион денари.
Беа истргувани вкупно 267 акции од НЛБ банка Скопје по просечна цена од 10.332,55 денари преку 18 трансакции и количина од 446 акции од Комерцијална банка по просечна цена од 2.826 денари преку 14 трансакции.
Заедно имаа учество од над 50 отсто во вкупниот промет остварен на Берзата од 7.426.342 денари.
Во текот на денот се тргуваше со вкупно седумнаесет акции, индексот МБИ- 10 забележа раст од 1,09 отсто и заврши на вредност од 2.274,80 индексни поени.