На лидерската кај Пендаровски не се договори датум за изборите – следната недела нова средба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерската средба која денес се одржа кај претседателот Стево Пендаровски заврши без договорен конкретен датум за одржување на парламентарните избори, пренесува Независен.

Лидерите на политичките партии денеска договориле да се одржи уште една средба кај претседателот на државата наредната недела на која ќе треба да се одреди датумот за избори, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по завршувањето на средбата. По речиси два и пол часа диксусии главен резултат на средбата кај Стево Пендаровски е дека нема одлука за датум.

Истото го кажа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на состанокот.

Дотогаш ќе треба да се обебедат информации од Комисијата за заразни болести за безбедноста на гласањето, од ДИК за времето потребно за организирање на изборите, како и информации од ОБСЕ за начинот на кој ќе го следи гласањето во Македонија.

Во слична насока зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, образложувајќи дека не сака избори на кои ќе биде изгубен каде ќе биде изгубен макар еден човечки живот. Тој уште побарал на средбата да се разговара и за притисокот кој во последно време го врши Бугарија околу европските интеграции на Македонија, но за тоа не бил постигнат консензус, затоа што, како што рече, на тоа се спротивставил Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за неговата средба со Зоран Милески – Кичеец, тој уште еднаш потврди дека тоа се случило и го „охрабри“ обвинителството да отвори истрага ако има нешто незаконско во тој разговор.

Мицкоски поставил прашање и дали ќе биде продолжена вонредната состојба, но не добил одговор.

Зоран Заев прво изјави дека оваа средба била свикана на барање на опозицијата, по собирањето потписи на пратеници за реактивирањето на Собранието, но дека сега тоа е ставено ад акта со одлуката на Уставниот суд.

Лидерот на СДСМ зборуваше рече дека доколку има уште 30 дена вонредна состојба – датумот за избори би бил 7 јули, ако нема продолжување тогаш на гласање би се одело на 8 јуни; ако вонредната состојба биде продолжена за една седмица изборите би биле на 14 јуни, а доколку би се продолжила за две седмици гласањето би се одржало на 21 јуни. Тој рече дека има доволно време да се испрати покана до ОБСЕ, но и дека најважно од сѐ е да се зачува здравјето на граѓаните. Заев нагласи сите се согласиле дека мора да научиме да живееме со корона вирусот, како насекаде во светот. Тој уште еднаш го нагласи она што го кажуваше претходните денови дека можна е нова епидемија наесен и дека дотогаш треба да се одржат изборите за да се формира влада и парламент со полн капацитет.

Тој уште рече дека нема логика сѐ да се олесни во државата во наредните денови, како што е предлогот на Кризниот штаб (од градинки, молови, подоцна теретани, тренинзи во спортските клубови…) и само за изборите да нема услови.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски испратија соопштение за денешната средба. „Со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет. Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на Ковид-19.

Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои ѝ се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

На почетокот на идната недела ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори“, се вели во соопштението.