На „курдската Шакира“ ѝ се заканува бесилка поради танцувањето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


30-годишната пејачка со курдско потекло, Дашни Мрад, преку ноќ стана популарна, откако ја прогласија за „курдската Шакира“. Пред 10 години го напушти својот дом во Ирак, живееше во Холандија, за повторно да се врати дома, и покрај заканите дека поради нејзините спотови треба да биде обесена.

Дашни за The Mirror изјави дека ирачките верски лидери наредиле да биде прогонета од земјата, а за неа одржале и предавање на кое велеле дека треба да биде обесена со „огнено јаже“.

Проблемот настана кога се појави видеото на кое таа танцува во секси хеланки. Курдските верски водачи наредиле сите да ја бојкотираат нејзината музика, а татковината да се сврти против неа.

„Направија да се чувствувам како да сум никоја и ништо и да ми биде страв да излезам“, се сеќава таа.

Во интервјуто се потсеќа и на своето крваво детство кое воопшто не било лесно. Била сведок на ужасите од војната и имала само две години кога 5.000 луѓе биле убиени со гас во селото каде што живееле нејзините баба и дедо. Кога имала 5 години морале да го напуштат домот бидејќи трупите на Садам Хусеин ги нападнале Курдите. Два месеци живееле во шатори на планините во близина на ирачката граница.

„Илјадници луѓе таму умреа од глад и студ. Се сеќавам дека двајца мажи закопаа мртво бебе замотано во бел чаршаф, на само неколку чекори од нашиот шатор“, со тага се потсетува на тие денови.

Иако после тоа се вратиле во нивниот дом, нејзиниот татко стравувал за нивните животи. Продал сè и барал азил во Европа. Заминал пешки за Германија, се обидел да исплива до Грција неколку пати, но секој пат го фаќале и го враќале во Турција. Успеал при осмиот обид кога пешки тргнал за Италија. Му помогнале црквата и камионџија кој го пренесол до бегалскиот центар во Германија. Две години немале контакт со него. Тогаш му помогнала холандската влада да се пресели во Холандија, а подоцна му се придружило и неговото семејство.

Таму Дашни учела јазик и одела во школо, но се чувствувала како граѓанин од втор ред.

„Живеевме во мало место. Никој не сакаше да се дружи со нас и децата не потураа со валкана вода“, се потсетува 31-годишната убавица.

Тоа се променило кога ги напуштила студиите и почнала да работи за курдска телевизија каде го водела шоуто „Игри без граници“. Емисијата се емитувала во Ирак и таа станала хит преку ноќ. Но, Дашни не го знаела тоа до 2007 година, кога како 21-годишна девојка се вратила во Ирак и не можела никаде да се движи без обезбедување. Одлучила да работи во својата татковина.

И покрај заканите, собрала храброст и дала интервју за сите светски медиуми. Тоа дополнително го променило нејзиниот живот. Станала популарна пејачка и има голем број хитови на либиски, курдски и холандски јазик. А се занимава и со хуманитарна дејност. Го формираше здружението Green Kids кое работи со бегалци, а отвори и неколку библиотеки за бегалци каде холандските деца донираат книги.