На Ковачки не му запали, на Јаулески му запали (снимки)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по завршувањето на своето обраќање на седницата за разгледување на информацијата за францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија во ЕУ, проба да го запали листот хартија со францускиот предлог. Но, обидот не успеа бидејќи не му работеше запалката. Па, затоа го искина, исто како и неговата колешка, Дафина Стојановска.

-Не постоите вие за мене од СДСМ. Вашите зборови се неважни, вие сте предавници, рече Ковачки. На премиерот Ковачевски му порача дека ќе скапе во затвор.

Со Преспанскиот Договор го ископавте гробот, а со овој т.н француски предлог сакате да го затрупате, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулевски.

-Нема да дозволиме да се отвори Уставот и истиот да се промени тоа да му биде јасно на секого. Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас од СДСМ како предавничка и антидржавна партија – изјави Јаулески.

Тој го запали документот, што претходно не му успеа на неговиот колега Драган Ковачки.