На која храна најчесто се алергични децата…?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Може да се каже дека алергиите на храна не си толку раширена појава и начесто се безопасни. Но, многумина родители не знаат дека најчестиот облик на алергија кај децата до три години не е алергијата на кикирики, путер, риба или школки. Првото место на листата го зазема млекото.

Според сегашните показатели, секое 40то дете е алергично на млеко, што е двојно повеќе од алергијата на јајца или дури трипати повеќе од алергијата на кикири путер.

За среќа, повеќето од овие деца поради оваа алергија не се изложени на сериозни опасности. Покрај тоа, повеќето од тие алергии со времето исчезнуваат. Најчести симптоми не се проблеми со дишењето или појава на оток на дишните органи, во поголемиот дел случаи станува збор за симптоми на кожата – дерматитис.

Бројните истражувања ги потврдија овие наводи, бидејќи доколку детето повраќа или има осип на кожата, поголемиот дел од родителите се склони на погрешни заклучоци дека автоматски станува збор за алергија на одредена храна.

Таквиот заклучок не е безвезен, бидејќи на таквите деца потполно непотребно и неоправдано им воведуваат непотребни рестрикции во исхраната кои можат негативно да се одразат на нивното комплетно здравје.

Затоа порака за родителите: Не избрзувајте со самодијагностицирање. Доколку се сомневате дека детето е алергично на храна, нека го потврди тоа педијатар или специјалист алерголог.

Не морате да воведувате посебен режим на ихрана за да спречите појава на алергија на храна, особено доколку во семејството дотогаш не се забележани такви случаи. Бидејќи избегнувањето на одредена храна во текот на бременоста, или скратување на одредени врсти на храна на детето не е добро за неговото здравје.

Покрај тоа, нејасно е дали децата кои се изложени најмногу на таков ризик, имаат било каква корист од тоа. Бројните студии не ја потврдуваат оваа мерка, па така избегнуваат одреден вид на храна, има позитивен ефект кога се во прашање алергиите на храна кај децата.

Хипотеза на хигиена

Многу би било подобро, кога станува збор за алергиите, да се обрати внимание на „хипотезата на хигиена“. Таа сугерира дека претераното стерилно окружување предизвикува развој на алергија. Тоа го потврдува и примерот меѓу Кинезите и Израелците каде со давање на ескракти од кикирики почнуваат многу рано, т.е. овој екстракт се воведува во исхраната на децата во рана доба, а учеството на алергии на храна меѓу нивните деца е многу ниско.