Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска во 11 часот ќе се одржи седницата на Државната изборна комисија на која ќе се решава за приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.
СДСМ и Беса поднесоа 16 приговори за наводни неправилности при гласањето и пребројувањето на гласачките места воизборните едници 2 и 6. Рокот за одлучување на ДИК истекува денеска во 19 часот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд има рок од 48 часа да одговори на жалбата.
Евентуалното прегласување на некое од избирачките места би требало да биде на 25 декември.