На избор за Мис ги прашуваа за големината на градите и половината – одговорот ги остави без зборови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Убавиците кои се натпреваруваа за титулата Мис на Перу ги изненадија гледачите и публиката со своите одговори на прашањето за димензиите на нивните гради, половина и колкови.

Наместо одговор на прашањето за нивните телесни пропорции, гледачите можеа да чујат алармантни бројки кои говореа за бруталноста и насилството врз жените во таа земја.

„Моето име е Ромина Лазано, го претставувам Кајао и моите пропорции се: 3114 жени кои се жртви на трговија со луѓе“, изјави убавицата која на крајот беше крунисана со титулата Мис Перу.

Кандидатките во своите одговори нижеа шокантни бројки, како 13.000 сексуално злоупотребени девојчиња, 70 насто жени изложени на секојдневно сексуално вознемирување или 2.202 случаи на фемицид (убиства на жени мотивирани од омраза кон женскиот пол).

Кога дојде време за делот во кој натпреварувачките шетаат по пистата во костими за капење, зад нив се вртеа медиумски статии за злоупотреба и насилство врз жените. Организаторката Џесика Њутон во тој дел посебно нагласи дека „жените имаат право да се шетаат голи, ако го сакаат тоа“.