На Иско му е доста од Реал – сака да замине од „Сантиаго Бернабеу“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечниот талент на шпанскиот фудбал, кого многумина го прогласија за новиот Андрес Иниеста, наводно не сака да го продолжи договорот со Реал Мадри и е спремен да ја промени средината.

Станува збор за Иско, кој е разочаран од својот статус и млата минутажа која ја добива кај Зинедин Зидан, па веќе го известил раководството дека сака да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Имено, младиот плејмејкер ја одбил понудата за продолжување на договорот и му порачал на раководството да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат за него.

Постои силен интерес од европските гиганти за потписот на Иско, особено од Премиер лигата, каде Тотенхем е спремен да испртати понуда уште во зимскиот преоден рок.

Ситуацијата будно ја следи и италијанскиот шампион Јувентус кој од поодамна покажува интерес за Шпанецот и има потреба од квалитетен играч за врска.

Останува да видиме дали „кралевите“ ќе се согласат да го пуштат фудбалерот на средина од сезоната или сепак трансферот ќе се случи следното лето.