На инфективно во Клинички шестмесечно бебе почина од морбили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово, на Клиниката за инфективни болести, како последица од морбили почина шестмесечно бебе.

Детето било во лоша состојба бидејќи поради заразата од морбили развило висока температура а имало и проблеми со срцето и белите дробови. Шестмесечното бебе е прва жртва од морбили во Македонија.

Уште две деца на Инфективната клиника заразени со морбили се во критична состојба .

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.

„Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици“, изјави Филипче .