На Груевски му го одзедоа пратеничкиот имунитет, пратеничката плата му остана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со 62 гласа „за“, без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на пратеникот и бегалец Никола Груевски Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа ниту на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, која му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на екс премиерот.

За опозицијата пак, воопшто не е важно каква одлука ќе донесе Собранието, Според нив, азилот зборува сам за себе.

Груевски и во Будимпешта беше топ тема на седницата за пратенички прашања. Унгарскиот премиер Орбан пред пратениците рече дека е многу зафатен и немал време да се види со Груевски. Уште еднаш повтори колку ја цени неговата поддршка во справувањето со бегалската криза.

Орбан уште еднаш потенцираше дека се сомнева во капацитетеот на македонското судство и неговата неселективност и независност при одлучувањето.