Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Царинските инспектори од одделението за оперативни работи за време на велигденските празници на граничниот премин Богородица заплениле 7 килограми хероин, соопштија денеска од Царинската управа.
Како што информираат оттаму, дрогата е запленета во саботата, а била сокриена во возило што го управувал државјанин на Србија, кој бил пријавен за влез во земјава.
При контрола на возилото во два акумулатори, од кои едниот бил сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, царинските службеници пронајдоа вкупно 14 пакувања облепени со леплива лента, наполнети со кафеава прашкаста материја, за која по извршеното тестирање на тестер за дрога е утврдено дека се работи за хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми, стои во соопштението на Царината.
Оттаму информираат дека осомничениот го набавил хероинот во Истанбул и требало да го пренесе до Нови Пазар во Србија.
Против него Царинската управа до надлежното јавно обвинителство во Велес поднело кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори.