На Дојранско Езеро уловен сом од 50 килограми


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Струмичките стпортски риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов вчера околу 17 часот, во водите на Дојранското Езеро уловија сом тежок точно 50 килограми.

– Сомот го уловивме со техника „бучка”, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно, раскажува Никола Полизовски.

Додава дека сомот им е најголема уловена риба досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.