На диета сте? Ова МОРА да го правите ако сакате да ослабете!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Паузите кои ги правите во текот на диетата можат да ви помогнат да загубите килограми кои нема да се вратат!

Кога ќе решите малку да „одморите“ од диета, тоа може да ви даде психичка сила да продолжите со диетата и потрагата по посакувана тежина. Покрај овие психички бенефиции, тука се и физичките.

Истражувањата покажаа дека со паузите го спречувате телото после диетите да почне со складирање на калории и повторно дебелеење. До ова доаѓа после намалување на хормонот лептин кој е задолжен за регулација на нашата енергија кога сме гладни.

Ова е карактеристична состојба за оние кои се наоѓаат на рестриктивни диети и го ставаат телото во режим на гладување.

Лекарите советуваат регулација на внесувањето калории после диетата за да не дојде до повторно дебелеење. Потребно е две недели полека да „излегувате“ од диета за да се задржи рамнотежата.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои од време на време ја прекршувале диетата изгубиле повеќе килограми од оние кои нагло престанале со диетата. Тие подоцна ги повратиле изгубените килограми бидејќи му направиле шок на организмот.