На диета сте и вежбате, а килограмите никако да се намалат – еве кои грешки веројатно ги правите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луѓето кои се опседнати со слабеење, кога станува збор за исхраната и вежбањето, се случува да се соочат со една непријатна иронија – посветено работат на слабеењето, а никогаш претходно не биле подебели.

Иако веројатно таквата ситуација ги нервира и фрустрира, и за тоа има одговор и причина зошто се соочуваат со таков ефект. Постојат работи за кои се грижите, а кои не се воопшто важни за слабеењето. Најчесто прашање е „што уште да направам за да го подобрам здавјето и изгледот“, но овој пристап е погрешен.

Многу подобро прашање е „околу што треба да престанам да се грижам и така да го подобрам моето здравје и изглед“? Потребна ви е блиска стратегија, а всушност работите околу кои се грижите, а кои не се важни за слабеењето, се поголем проблем од самото губење на килограмите. Затоа е важно да дознаете кои се петте работи околу кои се грижите, а не се важни за слабеењето.

1. Чести оборци

Можеби најчест мит кој му штети на фитнесот, е оној кој тврди дека треба да јадеме помали оброци, но почесто, за побрз метаболизам и да не се „изгладнуваме“ за да намалиме килограми. Ова ве оптоварува и околу тоа се грижите, а ова, всушност, не е важно за губењето на килограмите. Постојат нула научни докази дека тоа е точно, а ниту учесник во клиничките истражувања не покажал дека честите оброци влијаат врз тежината.

2. Одредување на времето на оброкот

Ниту за овој случај нема научни докази. Сѐ додека внесот на калориите е под контрола, нема врска дали јадете јаглехидрати во 10 часот наутро или во 22 часот, а појадокот веднаш штом ќе се разбудите или попладне. Тие се работи за кои се грижите, а кои не се важни за губењето на килограмите.

3. Избор на храна

Модерните, привремени диети наводно го кријат „клучот“ за губење на килограми, но освен малите предности на заситеност, храната „за слабеење“ навистина не значи толку многу. Повременото каснување колач или пиење омилениот газиран пијалак нема да ве здебелат, сѐ додека не внесувате премногу калории.

4. Вежбање

Верувале или не, не треба да вежбате за да намалите килограми. Ќе изгубите килограми ако согорувате повеќе енергија отколку што внесувате, но тоа може да биде и со намалување на внесот на калории, а не само на нивното трошење преку вежбање. Вежбањето е, секако, важно, но подобро е да се фокусирате на вежбите во кои уживате. Додека се чувствувате добро, вежбањето нема да биде работа околу која ќе се гржите, туку ќе ви причинува задоволство.

5. Премногу јаглехидрати или внес на масти

Речиси секоја популарна диета наведува дека внесот на јаглехидрати или масти го стопира слабеењето, но тоа не е точно. Единствено може да ги јадете премногу доколку јадете премногу калории. Додека калориите се под контрола, и внесувањето на овие нутриенти ќе ви биде дел од работите за кои се грижите, а кои не се важни за слабеењето. Оптималниот внес на масти и јаглехидрати е индивидуален, зависи од човекот, неговото ниво на активност и начинот на живот.

Заклучок:

На крајот, ако јадете помалку калории отколку што согорувате, ќе ослабнете. Тоа е мошне научно непобитна вистина денес. Поука: Заборавете на овие работи за кои се грижите, а кои не се важни за слабеење.