Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вчерашен ден 1987 година, Наполи предводен од Марадона го освои првото Скудето во својата историја со ремито над Фиорентина во претпоследното коло од Серија А. На денешен ден се одржа славје какво што фудбалскиот свет не памети.
„Партенопеите“ во јули 1984 година го соборија тогашниот светски рекорд за трансфер на еден фудбалер. Диего Марадона ја напушти Барселона и потпиша за Наполи, а на неговото претставување на стадионот дојдоа 70.000 навивачи.
И покрај доаѓањето на Марадона, Наполитанците не успеаа да го освојат Скудетото во првите две години. Меѓутоа во сезоната 1986/87 тимот на Отавио Бианки беше непоразен во првите 13 кола и беа главни фаворити за титулата.
На две кола пред крајот Наполи имаше три бода предност пред Интер и им требаше само реми со Фиорентина на домашен терен.
Мечот заврши со резултат 1:1, а потоа започна славје какво фудбалскиот свет не памети.
Незаборавен е и муралот во центарот на градот кој прикажуваше како Мишел Платини клечи пред Диего Марадона, кој стекна статус на божество во Неапол.