На денешен ден се случи терористичкиот напад во Теарце што неофицијално означи почеток на воениот конфликт во 2001

Monument Makedonski braniteli

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешен ден, 22 јануари, пред 20 години, беше извршен нападот на полициската станица во тетовското село Теарце при што загина бранителот Момир Стојановски (30). Овој напад на ОНА се смета за почеток на војната во Македонија во 2001 година.

При вооружениот напад со минофрлач повредени беа уште тројца полицајци. Одговорноста за нападот тогаш ја презеде т.н. Ослободителна народна армија (ОНА).

Ден по нападот ОНА објавил „комунике“ во кое наведе дека нападот имал предупредувачки карактер и ги повика полициските службеници да се повлечат од своите работни должности за да не ги загубат животите.

Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, а погребан е на гробиштата во родното село Добровница, Крива Паланка. Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од претседателот на Република Македонија.