На денешен ден е родена најславната крими авторка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешен ден пред 129г е родена Агата Кристи најславната авторка на крими романи, креатор на Херкул Поаро и мис Џејн Марпл.

Агата Кристи (15 септември 1890 – 12 јануари 1976), позната и како Агата Мери Клариса Милер или според псевдонимот Мери Вестмакот е плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл.

Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е родена во Торки во државата Девон како ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата жена Клариса Милер. Нејзиниот татко починал додека таа била дете. Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера.

Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа започнала со пишувањето и издала неколку стории. Нејзин најпознат роман е „Убиство во Ориент Експрес“.


Во новелата „Мистериозната афера во Стајлс“ издадена во 1920. година, Агата Кристи го претставила долготрајниот измислен лик, детективот Херкул Поаро, кој се појавува во 33 нејзини новели и 54 раскази. Нејзиниот друг, добро познат лик, Мис Марпл, бил првпат претставен во „Тринаесетте проблема“ и бил заснован на жени како нејзината баба и „поданици“. За време на Втората светска војна, Кристи напишала две новели, „Завеса“ и „Спиечко убиство“ кои биле наменети како последните случаи на двајцата големи детектива. И двете книги биле запечатени во банкарски трезор повеќе од триесет години и биле издадени за печатење кон крајот на животот на Агата, кога сфатила дека не може да пишува повеќе новели. Овие изданија следеле веднаш после успехот што го имало филмското прилагодување „Убиството во Ориент Експрес“ во 1974. година.

Како Артур Конан Дојл со Шерлок Холмс, така и Агата Кристи станува сè поуморна од нејзиниот детектив Поаро. Всушност, кон крајот на триесеттите години од деветнаесеттиот век, Кристи доверила во нејзиниот дневник дека Поаро ѝ е „неподнослив“, а кон крајот на шеесеттите за него мислела дека е „морничав егоцентрик“.

Сепак, за разлика од Конан Дојл, Кристи му одолеала на искушението да го убие својот детектив додека сè уште бил популарен. Се гледала себе како забавувач што треба да го произведе она што јавноста го сака, а тоа бил Поаро. Сосема спротивно, Кристи била љубителка на Мис Марпл. Сепак, занимливо е да се забележи дека насловите со белгискиот детектив се побројни отколку оние со Мис Марпл, и тоа со повеќе од еден или два.

Ова е затоа што Кристи напишала голем број новели со Поаро на почетокот на нејзината кариера, додека „Убиството во викаријатот“ останала единствената новела со Марпл сè до четириесеттите. Кристи никогаш не напишала новела или расказ, во која Поаро и Мис Марпл ќе се сретнат. Во запис, скоро откриен и издаден во 2008. година, Кристи ја открива причината за ова : „Херкул Поаро, целосен егоист, не би сакал да го учат за неговата работа, ниту пак да добива предлози од некоја постара немажена дама“. Поаро е единствениот измислен лик на којшто му е придаден некролог во „Њуjорк Тајмс“, после издавањето на „Завеса“ во 1975. година, книга во која таа го убива Поаро.

После големиот успех на „Завеса“, Агата дала дозвола за издавањето на „Спиечко убиство“, но починала во јануари пред книгата да биде издадена. Ова ги објаснува повеќето неправилности во книгата. На пример, во неа е жив лик за кој јасно се спомнува во другите книги дека е починат. Но, ова е така, зашто Агата не била во можност да ги провери ракописите пред да се испечатат. Мис Марпл поминала подобро од Поаро, бидејќи после решавањето на мистеријата во „Спиечко убиство“ таа се враќа во својот дом. На издание на радио програмата „Desert Island Discs“ во 2007. година, Брајан Алдис тврди дека Агата Кристи му кажала дека таа го пишувала своите книги до последното заглавје и потоа решавала кој бил најмалку веројатен осомничен. Потоа се навраќала и ги правела потребните промени за да ја „намести“ таа личност. Доказите за ваквите работни методи, опишани од повеќе биографичари се спротивни од претходно опишаното тврдење.

Речиси сите книги на Агата Кристи се сложени, детективски приказни водени од различни заплети каде што загатката е главната особеност на интересот. Во нив таа се сосредночува на средните и повисоките класи. Обично, детективот често наидува на убиството или е повикан да го реши од некој стар познаник, којшто е некако вмешан. Постепено, детективот го испрашува секој сведок, го проучува местото на злосторството и прави забелешка за секоја трага, со што на самите читателите им се дозволува да анализираат и да имаат шанса за решавање на мистеријата. Тогаш, на половина од дејството, или некогаш кон крајот на последниот чин, некој од осомничените обично умира, често бидејќи случајно заклучил кој е убиецот и мора да се замолчи. Во неколку нејзини новели, вклучувајќи ја „Смртта како крај“ и „Десетте мали црнци“, има повеќе жртви. На крајот, детективот организира средба со сите осомничени и полека го открива виновникот, откривајќи неколку неповрзани тајни попатно, некогаш на повеќе од триесет или повеќе страници. Убијците се најчесто особено генијални, и извршуваат некое извртено дело на измама. Приказните на Агата се истотака познати по нивната напната атмосфера и психолошка неизвесност, развиени од нејзиното намерно, бавно раскажување. Два пати, изненадувачки излегува дека неверодостојниот раскажувач на приказната е убиецот. Во пет приказни, Кристи дозволува убиецот да ѝ побегне на правдата, а тие се : „Сведокот на обвинителството“, „Човекот во кафениот костим“, „Убиството во Ориент Експрес“, „Завеса“ и „Неочекуван посетител“. Има и бројни примери кога убиецот не е донесен пред правдата во легална правна смисла, а наместо тоа умира, како на пример во : „Смрт на Нил“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Куќата на злото“, „Состанок со смртта“ и други. Во „Петте мали прасиња“ и секако „Искушение за невиноста“, се завршува со прашањето дали официјалната правда ќе биде извршена.