На денешен ден: Дарко Панчев и Олмета, Дарко Панчев…Црвена Звезда е шампион на Европа! (Видео)

zvezda

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешен ден пред 27 години Црвена Звезда го направи својот најголем успех во историјата на клубот и тоа на крилјата на македонската фудбалска легенда – Дарко Панчев!

На стадионот „Сан Никола“ во Бари на 29 мај 1991 година најтрофејниот српски клуб се сретна со Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европските шампиони.

Во регуларните 90 минута после голема борба немаше погодоци, па одлуката за нов шампион на Европа мораше да падне после изведувањето на пенали.

Како што се покажа одлуката падна веќе во првата серија – капитенот и голма Стеван Стојановиќ го одбрани првиот пенал во серијата на Мануел Аморсо, сите други беа прецизни (Роберт Просинечки, Драгише Блинќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ), вклучувајќи ги оној легендарниот на напшиот Дарко Панчев.

Секој љубител на најважната споредна работа сигурно го знае легендарниот коментар…

„Дарко Панчев и Олмета, Дарко Панчев….Црвена Звезда е шампион на Европа, Црвена Звезда е победник на Купот на европските шампиони“…
Подоцна истата година, Црвена Звезда стана и шампион на светот.