На Боки му е роденден: Лани славеше на „сицилијански начин“, годинава во Штука


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денес полни 33 години, а роденденот го дочекува во притворското одделение од затворот во Шутка.

Боки, кој се навикна на гламурозни, кичерајски и луксузни прослави, меѓу кои и роденденските, ланскиот роденден, како што самиот објасни тогаш, го прослави на „сицилијански“ начин.

32. роденден Боки го славеше со италијанска вечера, а на социјалните мрежи тогаш напиша: „Мала Сицилија во Скопје“.

Оваа година, својот 33. роденден Јовановски го дочекува во затворот во Шутка, каде се наоѓа во притвор како еден од осомничените во аферата и случајот „Рекет“.