На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во соопштението додаваат дека се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, посебно во клисурите и засеците каде е можна и појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково, пренесува „Макфакс“.

Од Авто-мото сојузот на Македонија додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а возачите исклучително треба да внимаваат на патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид, бидејќи сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. Од АМСМ во соопштението додаваат дека на самото место е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.