Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Над 400.000 Белгијци добиле велосипедски надомест бидејќи оделе на работа со велосипед. Компаниите кои биле вклучени во кампањата исплатиле близу 93 милиони евра.
Белгија лани воведе ваков вид надоместок за да ја стимулира употребата на велосипеди за одење на работа како дел од програмата за заштита на животната средина.
Износот за исплатата на надоместот на компаниите им се одбива од данокот, а по истиот принцип граѓаните можат од данокот да си го одбијат секој трошок за купување или сервисирање на велосипед.
Велосипедскиот надомест може да биде прилично висок. На пример, ако вработен живее 15 километри далеку од компанијата, работи 210 дена во годината, и прима максимален надомест од 0,22 евра по километар, ќе добие годишна компензација од 1.386 евра.