Home Актуелно На Бејта „му згасна бунтовниот оган“ – си се врати во стадото од Али

На Бејта „му згасна бунтовниот оган“ – си се врати во стадото од Али

Бившиот потпретседател на ДУИ и градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, кој беше дел од „огнената група“, вчера во Горна Река беше во придружба на претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Бејта беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ. Сепак Бејта, по најавите за основање на нова партија го напушти Изет Меџити и му се врати на Али Ахмети.

Вчера, во организација на културното друштво Горна Река се одржуваше манифестацијата „Средби на Горна Река“.

Неодамна собранискиот спикер Талат Џафери жестоко се спротивстави на враќањето на Бејта во ДУИ. „Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните настапи“, изјави Џафери во интервју за ТВ 21.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…