На бебето сакале да му дадат име Гризман Мбапе – еве што им кажа судот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Родителски пар од југозападна Франција, претпоставуваме фудбалски фанатици и верни навивачи на француската репрезентација, на своето новородено синче сакале да му дадат име Гризман Мбапе, во чест на двајцата славни француски фудбалери.

За среќа, на таквата еуфорична фудбалска „фреквенција“ не бил и судијата за семејно право кој на родителите од Брив-ла-Гилард категорично им забранил бебенцето да го именуваат Гризман Мбапе и им нареди да најдат ново име.

Откако не можеле да го именуваат синчето според своите фудбалски идоли, бебето го добило името Дени Ное.

Прв забелешка на името на фудбалските ѕвезди имал службеникот во општината, кој ги пријавил родителите на суд со образложение дека тоа име „не е во интерес на детето”.