Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот Парламент денеска им го одзеде имунитетот на двајца европратеници од францускиот крајно десничарски Национален фронт, од кои единиот е Жан Мари Ле Пен, и тоа на барање на француското правосудство, пренесоа француските медиуми.
Жан Мари Ле Пен, почесниот претседател на НФ, чиј лидер е неговата ќерка Марин Ле Пен, е под истрага за изјава од 2009 година, во која кажал дека 90 проценти од криминалите се предизвикани или од имигрант или од човек со имигрантско потекло.
Истрагата е поведена под сомнение за јавно клеветење со расистички карактер.
Вториот европратеник од НФ, Милен Трошински, е под истрага за истото јавно клеветење со расистички карактер и подбуцнување кон омраза и насилство, затоа што во 2015 година на Твитер пуштила снимка на целосно забулени жени пред каса за добивање социјална помош, но снимката се покажала како фотомонтажа, додаваат француските медиуми.
Европскиот Парламент денес ќе разгледа уште едно барање за одземање на пратенички имунитет, на Марин Ле Пен, обвинета за клевета од десничарскиот градоначалник на Ница, Кристијан Естрози. Таа во мај 2015 година изјавила дека тој ја финансира Унијата на исламски организации во Франција. Оваа унија е поврзана со Муслманско братство, кое обединува 250 асоцијации и го практикува конзервативниот ислам.
Француското правосудство во април, исто така, побара одземање на имунитетот на Марин Ле Пен заради истрагата за фиктивно вработување на соработници на европратениците од Националниот фронт, забележѓуваат француските медиуми.