На автомати во казино ќари 43 милиони долари, но нема да добие ни „скршен“ долар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Катрина Букман, жената која на крајот на август во едно њујоршко казино освои 42,9 милиони долари на слот апарат, изгледа дека на крајот ќе го добие само својот влог: два долари и 25 центи. Имено, сопствениците на казиното, среќната добитничка речиси истиот миг сосема ја разочарале со тврдењето дека апаратот се расипал, па наместо наведената баснословна сума како утеха ѝ понудиле ситница.

 

На нејзина жалост, во меѓувреме на страната на казиното застанала и Комисијата за игри на среќа на сојузната држава Њујорк, па прашањето е сега, каква корист ќе има Катрина од најавеното одење на суд.

– Нечесноста не е во ред. Во ред е кога апаратите на играчите им ги земаат парите, но кога треба да им ги исплатат, тогаш се прават проблеми – изјавил нејзиниот адвокат, Алан Рипка, кој со сопствениците на казиното се обидел да се спогоди. Од нив побарал на Катрина да ѝ го исплатат барем максималниот добиток на апаратот, 6.500 долари, но и тоа го одбиле правдајќи се дека тоа не им го дозволува законот.

Што ќе каже судот, ако Катрина во меѓувреме не се откаже од тужбата, останува да се види, но многумина веруваат дека на несудената богаташка на крајот ќе ѝ остане само фотографијата како спомен на големиот џекпот. Впрочем, веќе и на самите апарати е истакнато дека казиното нема да ги исплати играчите доколку дојде до некаква грешка, а во овој случај и државната комисија заклучила дека софтверот на апаратот се расипал.