Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најголемиот дијамант во историјата беше продаден на аукциско наддавање во Женева за 14 милиони долари, соопшти аукциската куќа Кристис.
Дијамантот од 100,94 карати е направен од многу редок дијамант од 207,29 карати, кој е ископан уште во 2016 година. Тој станал еден од најголемите кои руската компанија Алроса го ископала во 21. век.
На експертите од Алроса, која е една од трите најголеми компании во светот за ископување дијаманти, им била потребна повеќе од една и пол година да го направат дијамантот. Првичната цена на дијамантот била проценета меѓу 13 и 20 милиони долари.