Авто мото

На аукциска продажба автомобилот кој го поседувал првиот човек што замина во вселената

Оваа сабота, на аукциско наддавање кое ќе се одржи во Португалија, на продажба ќе биде понуден интересен спортски автомобил со уште поинтересна историја.

Станува збор за автомобилот Matra Djet, автомобил на кој не можел да му одолее ниту првиот човек кој замина во вселената, Јуриј Гагарин. Според кажувањата, Гагарин на саем во Париз го видел автомобилот и се вљубил во него толку многу што ја посетил и фабриката.

 

Веднаш по враќањето во Советскиот Сојуз, преку француиската амбасада му стигнал подарок- нов автомобил Matra Djet. Но, Гагарин не уживал многу во автомобилот, зашто загинал по неколку години , а сега Матрата е во сопственост на литвански колекционер.

Автомобилот не е посебен само поради Гагарин. Тое е прв автомобил со мотор поставен на средина , изработен е во поголемиот дел од палстика и тежи само 660 килограми.

Затоа му е доволен само мотор на Renault со 70 – тина Кс . Може да вози и над 170 км/час , а до 100 км/час стигнува за 13 секунди.

Се очекува автомобилот да достигне најниска цена од 40.000 евра.

Advertisements
To Top