Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарната апликација за преведување Google Translate е збогатена за пет новововедени јазици кои им се достапни на корисниците на оваа алатка.
Новите јазици кои „Google Translate“ го подржува се кинјаруанда, одија (Индија), тата, туркменистански и ујгурски.
Моментално, вкупниот број на јазици кои „Google Translate“ ги подржува е 108. Меѓутоа тоа е се уште многу малку во однос на вкупниот број глобални јазици. Според податоците на сајтот „Ethnologue.com“, во светот постојат околу 7.117 говорни јазици.
Потсетуваме дека минатата година инстант камерата на „Google Translate“ апликацијата доби ново ажурирање со кое се додадени уште 60 јазици кои вклучуваат арапски, хинду, и виетанамски.
Со помош на оваа функција можете да ја насочите камерата кон текстот кој саката да го преведете и автоматски се појавува преведена верзија на вашиот уред.