На англиските полицајци наједноставно им беше да го убијат реткиот бел елен кој се шеташе по улиците на Бутл (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските полицајци застрелаа и усмртија редок бел елен откако жителите на градот Бутл го видоа животното како талка по улиците и го пријавија тоа.

Кралското друштво за превенција од суровост кон животните (RSPCA) соопшти дека ја советувало полицијата да „го остави еленот, бидејќи на крајот тој самиот ќе се врати дома“.

Но, локалната полиција вели дека полицајците одлучиле да го еутаназираат бидејќи биле загрижени за безбедноста на возачите и пешаците.

„Не можевме да дозволиме елен слободно да лута по улиците“

Откако полицијата во неделата ги добила првите пријави за еленот на улица, тие испратиле вооружени полицајци на местото на настанот кои успеале да го опколат. Повикан бил и ветеринар за да ја следи состојбата на животното.

Полицијата соопшти дека контактирала со неколку организации и не можела да најде никој „кој ќе им помогне да го вратат еленот во дивината“.

„Не можевме да дозволиме елен слободно да шета по улиците, бидејќи тоа може да ги загрози возачите и граѓаните од областа, особено затоа што се стемни. Затоа во раните вечерни часови донесовме одлука за еутаназија“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе Би-Би-Си.