Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако го заведе, стапија во брак, па имаа бурен развод со славниот Џони Деп, познатата холивудска актерка и заводничка Амбер Херд имаше неколку други љубовни врски. А како што пренесуваат западните медиуми, актерката сега повторно е во врска и тоа со женет маж.
Според таблоидите, Амбер е во врска со дизајнерот Кристофер Брок , кој е соосновач на модниот бренд Brock Collection. Втор основач е неговата сопруга, Лаура Васер, со која и натаму е во брак. Амбер со новиот партнер е видена во еден бар во Њујорк, а потоа и на романтична вечера на Беверли Хилс.
Таа во Холивуд е позната како фатална заводничка, поради која актерот Џони Деп ја остави својата долгогодишна партнерка Венеса Паради. По една година брак, Амбер се разведе од Џони Деп и го обвини за физичко насилство.
По тоа актерката беше во врска и со милијардерот Илон Маск, кој јавно во медиумите призна дека плачел поради нивната разделба.