На Алјаска најде 50 години стара порака во шише со интересна содржина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека собирал огревно дрво, Тајлер Иванов од Алјаска откри порака во шише датирана на 20 јуни 1969 година. Забележал дека е напишана на руски јазик, па на Фејсбук им се обрати на луѓето за помош зошто не го зборува тој јазик.

Набрзо се утврди дека пораката стара 50 години, од ерата на Советска Русија, напишана е на 20 јуни 1969 година.

Како што се наведува, испраќачот, според таа порака, служел во флотатата на бродска компанија од Далечниот Исток во базата Сулак. Авторот на пораката испратил срдечен поздрав на идниот примач и замолил да ја извести посадата на бродот за откритието на пораката.

И тоа не е крај. Руски новинар успеал да го пронајде и испраќачот на симпатичната порака. Во прашање е некогашниот советски морнар Анатолија Прокофјевиќ Боцаненко кој денеска живее во Севастопол.

„Во 1969 година имав 36 години“, се присети морнарот кој ТВ екипата ја дочека во униформа. Во прв миг не можеше да верува дека тоа е неговата порака, па дури и рече дека не е неговиот ракопис. Меѓутоа кога подобро погледна, спомените почнаа да му навираат“.

„Да, во право сте“, рече тој, и тогаш заплака.

„Ви посакуваме добро здравје, долг живот и среќна пловидба“, стои во писмото на крајот.

Далекуисточната бродска компанија е трансформирана по распадот на СССР во ФЕСКО транспортната група, најголемиот руски оператор со интермодален транспорт. ФЕСКО сега нуди не само опрема туку и логистика и железнички транзит, како и пристанишни услуги и други содржини.