На албанскиот пазар продадени над 11 тони сладолед со канцероген состав


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од Албанската национална агенција за храна информираат дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед, со канцерогена содржина.

-По извршените контроли на албанскиот пазар, агенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни за здравјето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони се уште беа во магацините на субјектите увознички и беа уништени, информираа од Агенцијата.