КОЈ ДОБИ ВО ПРВ, КАДЕ ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ – Еве што велат од ДИК!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија после обработени 98,22 проценти од гласачките места, СДСМ е во водство во 50 општини низ Македонија и Скопје, ВМРО-ДПМНЕ има предност во девет општини, ДУИ во 12.

Како што пренесоа од ДИК, во повеќето општини се пребројани сите избирачки места, а во некои и натаму се пребројува, покажуваат електронските податоци. Онаму каде што се пребројува, веќе се завршени над 90 отсто од гласачките места.

Како што е веќе познато, локалните избори што се одржаа вчера донесоа голема победа на СДСМ и голем пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажува и споредбата на мапите од изборните резултати од 2013 и од 2017 година.

По изборите во 2013 година ВМРО-ДПМНЕ освои 57 градоначалнички места, а СДСМ раководеше само со четири општини.

Според досегашните процени, СДСМ ќе ги освои градоначалничките места во првиот круг во триесетина општини, а ВМРО-ДПМНЕ во четири помали рурални општини, од кои три се приградски во близина на Скопје.

За Град Скопје, кандидатот на СДСМ Петре Шилегов води со 50,07 проценти во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски со 35,99 проценти.

Победа од скопските општини, СДСМ има во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, додека во Аеродром водат со 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56.

Во Центар од обработени 89,74 проценти од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63 проценти.

Во Шуто Оризари, кандидатот на СДСМ е во благо водство со освоени 39,79 во однос на Сојуз на Роми од Македонија со освоени 38,18 проценти.

Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28 проценти.

Во останатите општини, СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново, со освоени 57,81 процент, во Берово со 60,96 проценти, Битола со 59,77 проценти, Богданци со 55,37 проценти, Босилово со 53,80 проценти, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51, Гевгелија со 54,55, Дебрца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со 55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22 процента, Конче со 55,23 проценти, Кочани – 55,80, Кратово -57,11, Крива Паланка -58,01, Кривогаштани -53,90, Крушево – 60,63, Куманово – 52,53, Лозово – 55,18, Маврово Ростуше – 55,85, Ново Село – 52,13, Охрид – 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45. Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 46,16 проценти, во Градско води СДСМ со 42,01 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 46,97 проценти, во Јегуновце СДСМ има
41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17 проценти, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32 пред ВМРО- ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ води со 48,50, во Кавадарци со 49,36 проценти, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново Облешево 47,48.

ДУИ освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36 проценти и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99 проценти, во Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06 проценти, во Гостивар со 35,55 проценти, во Дебар со 39,93, во Долнени со 34,06 проценти, Желино со 43,90 проценти, Липково со 48,97, во Теарце со 29,86.

Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24 проценти. Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06 проценти од гласовите. Во Ранковце победник е Ивица Тошевски кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската патрија на Турците, во Чучер Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски ДПА, пак, води во Студеничани со 34,62.