Home Актуелно На 7мај наредната година папата Франциск во посета на Македонија

На 7мај наредната година папата Франциск во посета на Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7 мај 2019 година ќе оствари официјална посета на Република Македонија, соопштуваат од владината прес-служба.

– Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Пред Македонија, папата Франциск од 5 до 7 мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…