Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За утре, петок, 7. мај, во 15 часот, во претседателската вила на Водно е закажана средба помеѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека е добро што по девет месеци некомуницирање, се воспоставила комуникација меѓу институцијата претседател и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако вчера беше објавено дека в петок ќе биде одржана средба.
Најавата за средба Мицкоски и Пендаровски доѓа откако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа комуникацијата со шефот на државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ минатата година соопшти дека партијата ќе ги замрзне односите со претседателот на државата, откако Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на Зоран Заев по парламентарните избори.
Средба Пендаровски-Мицкоски в петок
Пендаровски вели дека воспоставената комуникација може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој според него „многу недостига во нашата земја“, вели тој.
Вчера медиумите објавија дека средбата в петок била договорена на телефонски разговор на барање на Мицкоски, а според најавите на неа треба да биде дискутирано за актуелната економско-политичка ситуација во државата, но и за изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април во која, меѓу другото, тој кажа дека луѓето кои тогаш влегле во Собранието не се терористи.
Мицкоски вчера на брифинг со новинарите изјави дека одмрзнувањето на односите со претседателот на Пендаровски е поради тоа што на земјата и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители, а на одмрзнувањето на односите тој рече дека гледа како на подадена рака.